Помеѓу повеќето огласи за јавно наддавање за државно градежно земјиште кои деновиве ги објавува Министерството за транспорт и врски се најдоа и деветте парцели во скопската населба Хиподром, за кои неодамна имаше неуспешен обид да се најдат купувачи. Министерството нуди парцели со големина помеѓу 2.062 и 5.021 метри квадратни и вкупна површина од 27.822 метри квадратни. Според ДУП Маџари – Хиподром, маркичките се предвидени за станбени згради, а четири од нив може да се комбинираат и со алтернативна намена – мали трговски и деловни единици. Почетната цена за сите изнесува 3.500 денари за квадрат, исто како и во минатиот обид. Пријавите за учество може да се достават до 11 мај, а наддавањето ќе се одржи на 21 мај. Претходно беше објавен оглас и за парцелата наменета за комерцијално-деловен објект, која беше дел од првиот пакет.