Претходна статија
Пет правни субјекти ќе вршат обука на идните енергетски контролори
Следна статија
Нова плажа и пешачка патека за заживување на туризмот во Дојран

Нов ГИС портал за лесен пристап до информациите од катастарот

Објавено на 15.02.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Агенцијата за катастар на недвижности денеска го претстави новиот ГИС портал, преку кој граѓаните и правните лица ќе можат да дојдат до значајните информации со кој располага катастарот. Во ГИС системот се вметнати сите геопросторни информации од дигиталните катастарски планови, авионски снимки на земјиштето и топографски карти, кои се достапни за користење без каква било надокнада. Оваа страница нуди достапност до геолокациите на сите професионални корисници на агенцијата, односно локациите на одделенијата за катастар на недвижности, нотарските канцеларии, геодетските компании и општините што им се неопходни на граѓаните за да можат успешно да ги добијат услугите од катастарот.

 

Во новиот ГИС портал се внесени четири милиони парцели на територијата на целата земја, еден и пол милиони имотни листови и над 800.000 објекти, а во приказ се и локациите на кои во тек е изградба на нови објекти. Веќе се прикачени дел од дигитализираните катастарски планови, а допрва ќе се вметнат и оние што во наредниот период ќе се дигитализираат. Граѓаните на оваа веб – страница ќе можат да ја пронајдат локацијата на која се гради нова станбена зграда, квадратурата на станот што сакаат да ја купат и инвеститорот што го реализира проектот. На тој начин, ќе се избегнат случаите од минатото кога кај еден новоизграден објект ист стан се продаваше на неколку лица.