Претходна статија
Приватен здравствен објект ќе никне до Градската болница „8 Септември“
Следна статија
„Трансмет“ ќе ја изведува новата фонтана на плоштадот „Македонија“

Никој не е заинтересиран за инвестирање на просторот на поранешната касарна „Илинден“

Објавено на 02.12.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Се издишаа спектакуларните најави за изградба на нова станбена населба во близина на центарот на Скопје. Инвеститорите се незаинтересирани за вложување во нови станбени згради, комерцијални и деловни објекти во скопската касарна „Илинден“. На неодамнешното електронско јавно наддавање на градежни парцели од оваа локација не се најде ниту еден купувач. Поради тоа, општина Карпош се одлучи по четврти пат да објави оглас за отуѓување на државно неизградено земјиште во касарната. Како и претходно, се работи за 10 парцели со површина од 4.294 до 23.436 метри квадратни, од кои пет се предвидени за изградба на станбени згради, а останатите за комерцијално – деловни објекти.

 

 

 

Станбените згради би се граделе во висина од 4, 9 и 21 ката, додека комерцијално – деловните објекти би имале 9 и 21 ката. Почетната цена останува 6.000 денари за метар квадратен. Заинтересираните субјекти треба да поднесат пријави за учество на електронската лицитација најдоцна до 31 декември 2013 година, а истата ќе се одржи на 9 јануари 2014 година.

 

Покрај незаинтересираноста на приватните инвеститори, Министерството за одбрана веќе со години не успева да го отпочне проектот за изградба на 1.400 станови за припадниците на македонската армија. Иако ветен уште пред неколку години, засега нема никаква најава дека овој проект ќе се оствари во реалноста.