Претходна статија
Ќе се прави ревизија на договорот за изградба на Клиничкиот центар во Скопје
Следна статија
Се изведуваат енергетски ефикасни фасади на зградите во Куманово

Несоодветна реакција на оштетувањата на Галеријата на икони во Музејот на Македонија

Објавено на 28.06.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Претходната влада повеќе од три месеци несоодветно реагирала на оштетувањата на Галеријата на икони во Музејот на Македонија. Проблемот со покривот се појавил на 9 март годинава по паѓањето на таванскиот дел од просторијата, со што бесценетата колекција на икони била оставена во несоодветни и ризични услови. Министерот за култура Роберт Алаѓозовски денеска ја посети најзначајната музејска установа во земјата, заедно со новиот в.д. директор на Музејот на Македонија Гордан Николов. Тие се согласија дека се видливи последиците од целосната маргинализација на оваа музејска установа во изминатата деценија.

 

„Делата се дополнително изложени на оштетувања од високите температурни разлики заради отсуство на систем за климатизација. Истото се случува и со етнолошката збирка, чија вредност е исто така исклучителна“ изјави министерот за култура Роберт Алаѓозовски. Тој спомена дека веќе се работи на изнаоѓање соодветни простории со микроклиматски услови за чување на вредните икони. Од стручниот тим на Градскиот конзерваторски центар ќе бидат предложени архитектонски решенија за итна санација на просторијата, за што дополнително би се обезбедиле владини средства.

 

 

Галеријата на икони во Музејот на Македонија е најрепрезентативната од ваков вид во нашата земја, заедно со Галеријата на икони при Охридскиот музеј и завод. Збирката е составена од икони кои потекнуваат од почетокот на четиринаесеттиот век до средината на дваесеттиот век. Таа по својата вредност е една од најбогатите и најпознати сочувани збирки на Балканот.