Претходна статија
Булеварот Србија пробиен до „последна 24-ка“
Следна статија
По Охрид, и во Дојран ќе се гради наколна населба

Неокласицизмот на палатата „Лазар Поп Трајков“ повторно поскапе

Објавено на 18.04.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Нови непредвидени работи околу изградбата ја подигнаа цената на изведбата на неокласицистичката палата „Лазар Поп Трајков“ кај хотелот „Бристол“ во Скопје. За изведба на фазата „машинство, хидротехника и електрика“ се потрошиле дополнителни 6.662.296 денари. За оваа намена на 17 март годинава е склучен договор меѓу Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор (АДСДП) и фирмата „Бетон“ од Скопје. Ова е втор по ред договор за непредвидени работи потпишан за оваа зграда од проектот „Скопје 2014“. Првиот договор од речиси шест милиони денари бил склучен 22 август 2016 година.

 

 

Градежните работи за изведба на палатата „Лазар Поп Трајков“ се веќе завршени. Објектот изграден на местото на некогашниот парк ја чинеше државата вкупно 847,2 милиони денари. Канцелариските простории ќе бидат наменети за дузина државни институции, и тоа: Централниот регистар, Комисијата за хартии од вредност, Регулаторната комисија за енергетика, Агенцијата за супервизија на осигурувањето, АД за воздухопловна навигација М-НАВ и АД за ИССПДП од значење на Република Македонија.

 

Неокласицизмот висок приземје, седум ката и поткровје е дело на архитектите Никола Стакинов, Лазар Димов и Живка Ристова. Проектната документација за овој објект ја подготви „Неимар Инженеринг“.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект