Претходна статија
Градежништвото ќе доживее тежок удар со кратењето европски пари!
Следна статија
ИЗИИС стана Институт од втора категорија под покровителство на УНЕСКО

Нема да се менуваат фасадите на МОБ и на НУБ „Св. Климент Охридски“

Објавено на 05.07.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Министерството за култура денеска оцени дека објектите на Македонската опера и балет (МОБ) и на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје имаат автентичен изглед. Со официјална реакција, ова министерство ја демантира веста дека владата планира да ги промени фасадите на овие два објекти. „Министерството за култура најостро ги демантира паушалните и невистинити информации кои ги пласираа некои од медиумите и некои претставници на политички партии, а кои се однесуваат на наводна промена на постоечките фасади на националните установи Македонска опера и балет и Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ во Скопје“ велат од Министерството за култура.

 

 

 

Покрај тоа што наведуваат дека нема да се чепка во надворешниот изглед на овие објекти, од Министерството за култура велат дека во континуитет вложуваат во унапредување на условите во сите установи од областа на културата. Надлежното министерство во моментов работи на целосна обнова на големата сала на Македонската опера и балет, како и проектот за реконструкција на објектот на НУБ „Свети Климент Охридски“, како и целосна обнова на читалните во оваа установа.