Општина Битола ќе ја реализара втората фаза од реконструкцијата на спортската сала „Младост“. За адаптацијата на овој спортски објект е проценето дека ќе бидат потребни околу 11 милиони денари. Со зафатот би требало да се санираат ходниците, соблекувалните и вториот дел од тоалетите во спортската сала. Финансиските средства за проектот ќе бидат обезбедени од општинскиот буџет.
Локалната самоуправа изминава пролет ја заврши првата фаза од реконструктивниот зафат на салата „Младост“. Со средства во висина од 500.000 евра се инсталираше нов систем за затоплување, а беа санирани покривната конструкција, игралиштето и трибинскиот простор за гледачите. Со претстојната фаза од овој проект се очекува целосно довршување на реконструкцијата на овој спортски објект.