Претходна статија
Цементарница УСЈЕ со намалена добивка во првото полугодие
Следна статија
ДОНИРАНИТЕ ОБЈЕКТИ ЗА СКОПЈЕ ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ: Гинекологија „Чаир“ подарок од Чехословачка

Наскоро ќе започне рехабилитацијата на патот за Пониква

Објавено на 15.08.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Јавното претпријатие за државни патишта обезбеди близу 87 милиони денари за рехабилитација на патот од Кочани до зимско – рекреативниот центар Пониква. Градежните работи за поставување на нов асфалт ќе се одвиваат во должина од 10,4 километри, информираат од Општина Кочани. За изведувач на проектот е избрана косовската фирма „Ескаватори“. Поправката на оваа делница ќе овозможи подобри услови за туристички развој на овој крај.

 

*Извор на фотографија: Општина Кочани

 

„Задоволен сум што обезбедивме средства да се поправи најоштетениот дел од патот Пониква – Кочани, на кој не е интервенирано откако е изграден на крајот на седумдесеттите години. Пониква е спортско – рекреативен центар на Истокот на Македонија, од кој треба да создадеме привлечна туристичка дестинација, а патната инфраструктура е еден од главните услови за тоа“ вели кочанскиот градоначалник Николчо Илијев.