Претходна статија
Се рехабилитираат патиштата Бошков мост - Дебар и Мелнички мост - Центар Жупа
Следна статија
Занатскиот дом во Куманово пред реконструкција

Наместо на проектот „Луково поле“, Светска банка ќе се фокусира на гасификацијата

Објавено на 10.12.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

По вчера објавениот став на Европската банка за обнова и развој, и Светската банка денеска излезе со информации во однос на донесените препораки од Постојаниот Комитет на Бернската конвенција при Советот на Европа за енергетските објекти во Националниот парк „Маврово“. Во изјава за интернет – порталот „Фактор“, од банката велат дека во наредниот период ќе се фокусираат на проектот за гасификација на Македонија. „Во однос на променетите приоритети на Владата за инвестиции во енергетскиот сектор, од Светската банка беше побарано да обезбеди помош со развој на пазарот на гас во Македонија, наместо за претходно дискутираното вложување во предложениот проект за „Луково поле“, посочуваат од Светската банка.

 


* Акумулација „Луково Поле“ – визуелизација
 

 

Со ваквиот став на оваа банкарска институција, останува нејасно како ќе се развива во иднина енергетскиот проект „Луково поле“. Шпанската консултантска куќа „Ациона Инхенериа“ во конзорциум со македонската фирма „АБЦ Консалтинг“ во изминатиов период ја изработија проектната документација за предвидената камено – насипна брана со висина од 71 метар. Светската банка пред две години тврдеше дека ќе обезбеди финансиски средства за овој проект во висина од 50 до 55 милиони евра.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk