Претходна статија
Ќе се гради патната инфраструктура во новата населба „Јака“ во Илинден
Следна статија
„Охрид СОС“ побара, а владата го објави Извештајот за спроведување на препораките на УНЕСКО

Наместо „барокна“, Гази Баба ќе добие модерна општинска зграда

Објавено на 24.02.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Наместо да се гради во „барок“, идната општинска зграда во Гази Баба ќе има модерен лик и енергетско ефикасна фасада. Како што пишува порталот СДК.МК, новиот градоначалник Борис Георгиевски побарал од архитектот Жарко Чаушевски да изработи нов проект, а авторот се согласил на ова задолжение без да му се исплатат дополнителни финансиски средства. Проектната документација ќе послужи за претстојниот јавен повик за пронаоѓање на приватен партнер, кој би ја градел идната општинска зграда. Објектот со шест ката би се градел заедно со втор објект за комерцијални и деловни намени, којшто би бил висок 15 ката. Целата парцела за двата идни објекта се простира на местото на постојните бараки на општина Гази Баба и е со површина од 6.780 метри квадратни.

 

 

Фирмата „Архитектоника“ на архитектот Жарко Чаушевски во јануари 2015 година победи на Конкурсот за избор на идејно решение за новата општинска зграда на Гази Баба. За подготовката на „барокниот“ архитектонски труд од проектот „Скопје 2014“, тој ја доби првата награда во вредност од 60.000 денари. Претходното општинско раководство во декември 2016 година склучило и договор за изработка на основен проект, којшто од „Архитектоника“ бил изготвен за сума од 2.193.915 денари.