Наместо „барокна“, Гази Баба ќе добие модерна општинска зграда
Наместо да се гради во „барок“, идната општинска зграда во Гази Баба ќе има модерен лик и енергетско ефикасна фасада. Како што пишува порталот СДК.МК, новиот градоначалник Борис Георгиевски побарал од архитектот Жарко Чаушевски да изработи нов проект, а авторот се согласил на ова задолжение без да му се исплатат дополнителни финансиски средства.