Претходна статија
И во 2014 година ќе го градиме „Чебрен“ на хартија
Следна статија
Туристички комплекс ќе се гради и на местото на автокампот „Ливадиште“?

Најавена обнова на споменикот „Македониум“ во Крушево

Објавено на 07.02.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Со обезбедените финансиски средства од Министерството за култура, Музејот во Крушево годинава ќе ја започне санацијата на потпорните и оградните ѕидови околу споменикот „Илинден“, познат и под името „Македониум“. Министерската за култура Елизабета Канческа – Милевска при денешната посета на градот ја информираше јавноста за моменталните активности во однос на санацијата на овој значаен комплекс. „Прилепскиот Завод и музеј ќе подготви проект за в година да се реконструира фасадата на споменикот и да се работи на обнова на витражот“, изјави Канческа – Милевска. Споменикот „Илинден“ е дело на македонскиот скулптор Јордан Грабулоски и архитектката и уметница Искра Грабулоска. Отворен е на 2 август 1974 година, по повод 30 – годишнината од заседанието на АСНОМ.

 

 

 

Покрај Македониумот, во моментов во Крушево се работи и на неколку други важни проекти. Денеска беше промовирана втората обновена куќа од староградската архитектура во овој град, која беше вметната во програмата за обнова на фасадите на надлежното министерство. Се работи за куќата на семејството Важарови, која е изградена во 1877 година. За зачувување на автентичниот изглед на ова здание беа вложени 4 милиони денари од буџетот на Министерството за култура. Во наредниот период во овој град ќе продолжи и обновата на музеите. Досега се обновени покривите и фасадите на Музејот на Мартиноски, Музејот на Илинденското востание и на Леарницата.