Претходна статија
Заврши аплицирањето за субвенции за купување печки на пелети во Скопје
Следна статија
ЕЛЕМ ќе ги поддржи младите иноватори од тимот „Свифт“

Над 900 граѓани добија субвенции за велосипед преку проектот „Цел Центар на точак“

Објавено на 23.11.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

И годинава беше успешно реализиран проектот „Цел Центар на точак“. Општина Центар ја изврши уплатата на граѓаните што поднеле барања за субвенционирање на купувањето велосипед. Во 2017 година биле доставени околу 980 барања за субвенции од жителите на скопската општина Центар, при што од општинскиот буџет за оваа намена беа предвидени средства во износ од 2,8 милиони денари. Локалните власти субвенционираа до 30% од целокупната вредност на купениот велосипед, но најмногу до 3.000 денари. Јавниот повик до граѓаните беше објавен на почетокот на мај, додека поднесувањето на барањата траеше до средината на август.

 

 

Проектот „Цел Центар на точак“ се реализира четврта година по ред. Во изминатиов период вакви субвенции беа доделени на повеќе од 4.000 граѓани кои купиле велосипед. Општина Центар е првата локалната самоуправа од земјава што иницираше воведување на еден ваков проект.