Претходна статија
Македонците склони кон изградба на станови во индивидуална режија
Следна статија
МЕПСО го заокружува битолскиот прстен на трафостаници

Над 1,3 милиони евра за плоштадот „ВМРО“

Објавено на 11.06.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Кавадаречката фирма „Урбан инвест“ ќе го гради новиот плоштад „ВМРО“, кој ќе биде лоциран пред седиштето на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ во центарот на Скопје [»мапа]. Граѓаните за овој градежен зафат ќе платат 84.680.340 денари или над 1,3 милиони евра. Градот Скопје склучи договор со најповолниот понудувач за временски период од 12 месеци, рок во кој плоштадот со површина од 681 метри квадратни треба да биде комплетиран. На идниот јавен простор е зацртано да се изведе фонтана, но и да се издигне спомен – обележје. На публикуваниот тендер од градската управа се јавија пет градежни компании.

 

 

 

Изготвувач на основниот проект за плоштадот „ВМРО“ е фирмата „Факом“ од Скопје. Единствената непознаница од овој нов зафат карактеристичен за проектот „Скопје 2014“ е како ќе реагира Општина Центар. Локалната самоуправа во неколку наврати повтори дека пред да стартува изградбата, тие мора да издадат одобрение за партерно уредување на целиот простор.