Претходна статија
„Гентерм“ гради фабрика за автоделови во Прилеп
Следна статија
Ново училиште со современ архитектонски израз ќе се гради во Капиштец

На Пониква ќе се градат викендички

Објавено на 03.12.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Од вкупно 23 локации за градба, Општина Кочани денеска успеа да продаде седум парцели наменети за викенд – куќи во зимско – рекреативниот центар Пониква. На електронското јавно наддавање се отуѓи земјиште за изградба на викендички со дозволена максимална катност П+1+Пк. Понудените локации за изградба на објекти со висина од 7,2 метри беа продадени по различна цена, која се движеше од 71 до 280 денари за метар квадратен. Сето неотуѓено земјиште е предвидено да биде повторно огласено на продажба во наредниот период.

 

По уплатата на средствата, со најповолните понудувачи ќе се склучат купопродажните договори за секоја од парцелите. Инвеститорите имаат рок од девет месеци за да прибават одобрение за градење, додека објектите ќе треба да ги изведат во период од две години. Општина Кочани го објави огласот за продажба кон крајот на октомври годинава.