Во рамките на овогодинешното издание на БИМАС, на 16 септември ќе се одржи детската тура и работилница „Мала школа за архитектура“ во Градскиот трговски центар (ГТЦ) во центарот на Скопје. Настанот ќе се одржи во периодот од 10 до 13 часот, а бројот на деца – учесници е 10. Препорачана возраст на децата е од 8 до 12 години. Местата за учество во настанот се ограничени, така што учесниците се избираат врз основа на принципот „прв дојден, прв услужен“. Настанот е во организација на Асоцијацијата на архитекти на Македонија. Учеството на работилницата чини 200 денари.
„Оваа работилница ќе им даде вовед на децата за нивниот град и како да го читаат и доживуваат изграденото ткиво што секојдневно ги опкружува“ се наведува во поканата за учество на настанот. Работилницата е поддржана од Еуролинк осигурување.