Претходна статија
Се реконструира државниот пат Кочани - Делчево
Следна статија
Летово ќе заврши изградбата на катната гаража спроти Стариот театар

МОБ ќе ја дочека новата концертна сезона во реновирана сала

Објавено на 06.06.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Фирмата „Промонтинг“ од Скопје е ангажирана за најавената реконструкција на големата сала на Македонската опера и балет. Во наредните три месеци ќе се изврши зафат за санација на подот и електричната инсталација, замена на сите седишта во гледалиштето и поставување на лед-екрани за претставите. Проектот треба да биде комплетиран пред почетокот на новата концертна сезона на Македонската опера и балет. За негова реализација ќе бидат потрошени 61.971.240 денари, односно околу еден милион евра од државниот буџет.

 

 

Маркантниот објект крај Кејот на реката Вардар е дело на словенечките автори Штефан Кацин, Јуриј Принцес, Богдан Сплиндер и Маријан Уршич од љубљанското „Биро 77“. Извонредниот надворешен и внатрешен концепт на објектот е изведен за време на пост – земјотресната обнова на Скопје. „Архитектурата на културниот центар на Штефан Кацин, Јуриј Принцес, Богдан Сплиндер и Маријан Уршич се одликува со експресивност на динамички раздвижените бетонски маси, при што активно ги следеле настаните на современата архитектура од 60.години на XX век“, пишува архитект Георги Константиновски во делото „Градителите во Македонија XVIII-XX век“.

 

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk