Петнаесеттина млади архитекти, искусни архитекти и дизајнери од Европа до крајот на месецов ќе креираат архитектонски решенија за изгледот на градскиот плоштад и централното градско подрачје на Струга во рамки на проектот „Градот никогаш не спие“. Во изработката на идејните решенија ќе бидат вклучени и граѓаните со своите мислења. Проектот „Градот никогаш не спие“ го реализира асоцијацијата „Креативни и млади“ со поддршка на Фондот за развој „Принц Клаус“ од Холандија и во соработка со општина Струга. На крајот од проектот, како производ од 20-дневниот настан ќе биде остварена изложба на која ќе бидат претставени изготвените трудови и ќе биде издадена книга со предложените решенија за уредување на плоштадот и на строгиот центар на градот.