Претходна статија
Новите ЛАЗ-ови на ЈСП ставени во функција
Следна статија
Легализацијата на дивоградбите ќе почне во март

МКЦ во ново руво

Објавено на 23.02.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Започнаа градежните активности за темелно реновирање на Младинскиот културен центар во Скопје. Објектот стар четири децении ќе добие нова фасада и покрив, како и подновување на ентериерот. За оваа цел се користат 600.000 евра добиени од ИПА фондовите на ЕУ, а свои средства вложи и Град Скопје. Идејното решение за новиот изглед на МКЦ е дело на проектантското биро „Билд“. Изведувач на работите е фирмата „Глобоцки“  во соработка со „Бонор инженеринг“ и „Вентилтрејд интернационал“. Градежните зафати се очекува да завршат најдоцна до 1 септември и нема да влијаат врз одржувањето на редовната програма на центарот. Проектот на пошироката јавност и беше претставен во 2009 година, кога што беше најавено дека ќе стартува во јануари 2010 и ќе биде реализиран за три месеци.

 

 

Форумска дискусија за овој проект » овде