Претходна статија
Започна аплицирањето за владиниот проект „Купи куќа, купи стан“
Следна статија
Неокласичната фасада победи на владината анкета

МКЦ со нов изглед го дочекува четириесетиот роденден

Објавено на 26.01.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Подмладениот објект на Младинскиот културен центар во Скопје денес беше промовиран пред јавноста. Во досегашниот тек на работите изведена е нова фасада, заменети се старите прозорци и врати со нови, енергетски ефикасни, извршена е реконструкција на покривот, а комплетно се реконструирани и санитарните јазли. Финансиите за овие зафати, во висина од 35.000.000 денари (570.000 евра) се добиени од ИПА фондовите на ЕУ.

 

Градот Скопје како коинвеститор обезбеди дополнителни средства за реконструкцијата, со што вкупната досегашна инвестиција од ИПА фондовите и од градскиот буџет достигна околу 49.000.000 денари (800.000 евра). Градот меѓудругото учествуваше со финансии за тукушто завршената реконструкција и санација на концертната – денсинг сала, нејзина климатизација и набавка на аудио и светлосна опрема, како и инсталирање на нов систем за климатизација во киносалата Фросина.

 

За наредниот период се планира комплетно реновирање на главниот хол на МКЦ и фоајето во киното Фросина, во коешто ќе биде сместена модерна медијатека. Исто така, изработен е идеен проект за адаптација на таканареченото џепно кино (со капацитет од 100 седишта) во современ повеќенаменски простор, како и адаптација на сутеренот во нов клубски простор, во којшто ќе се промовираат млади музичари и групи.

 

Идејното решение за новиот изглед на објектот е дело на проектантското биро „Билд“. Изведувачи на градежните работи се фирмите „Глобоцки“, „Бонор инженеринг“ и „Вентилтрејд интернационал“. Надзор врши „Egis International“. Со изведбените зафати, воопшто не се влијаеше врз текот и динамиката на одржувањето на редовната програма на МКЦ и традиционалните манифестации коишто се реализираат во текот на годината.

 

» Форумска дискусија за овој проект

» Споредба со претходната состојба на објектот

 

МКЦКонцертна - денсинг салаКиносала Фросина