Претходна статија
Арената „Филип Втори“ ќе се адаптира за УЕФА Супер Купот
Следна статија
Од понеделник граѓанска реакција на носењето на ДУП-овите за Карпош 3 и Тафталиџе 1

Министерството за култура реализираше неколку проекти во Охрид

Објавено на 09.01.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Денеска беа презентирани резултатите од неколку проекти што се реализираат во Охрид, со взаемна соработка на Министерството за култура и Заводот и музеј – Охрид. Во рамките на проектот за обнова на фасадите на објекти од старите градски јадра во земјава, во Охрид заврши обновата на фасадното обликување на три објекти. „Во рамки на проектот за реновирање фасади досега во Охрид се обновени 13 објекти во старото градско јадро. Ова се значајни објекти регистрирани како споменици на културата, на кои е извршена целосна обнова на покривната конструкција, реновирање на фасадата, обнова на орнаментиката, замена на дрвенаријата, така што е вратен нивниот првобитен сјај“, изјави Канческа – Милевска.

 

* Извор на фотографии: Министерство за култура

 

 

Во рамки на нејзината посета на Охрид, беа промовирани и целосно обновените депоа на охридскиот Завод и музеј, како дел од владиниот проект за уредување на објектите според стандардите за чување на културно – историските предмети. „Обновени се две етнолошки и две историски депоа, како и депото за стари ракописи. Тоа се значајни проекти што се во функција на самата институција“, изјави министерката за култура. Таа посочи дека во претстојната година ќе се заврши обновата на уште четири фасади од старото градско јадро на Охрид, меѓу кои е и објектот „Куќата на Робевци“.

 

 

 

Министерката Канческа – Милевска информираше дека наредната недела ќе биде распишан архитектонски Конкурс за избор на идејно решение за изградба на театарски објект во рамките на Центарот за култура и библиотеката „Григор Прличев“.