Претходна статија
Пуштен во употреба објектот „Под Водно“ на Адора
Следна статија
Проектот „Скопје 2014“ го узурпира јавниот простор

МЕПСО вложува во сноу – борд паркови на Пониква и во Крушево

Објавено на 12.10.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Македонскиот електропреносен систем оператор (МЕПСО) потпиша два договора за изградба на сноу – борд паркови во скијачкиот центар Пониква и во скијачкиот центар Крушево. Државната компанија, чија основна дејност е пренос на електрична енергија низ високонапонската мрежа, одлучи да инвестира 163.686.994 денари или над 2,6 милиони евра во реализација на зимски рекреативни паркови со машини за вештачки снег (водени топови) и на осветлување на патеките за овозможување на деноноќно скијање на посетителите. Двата проекта ќе ги гради групата на понудувачи „Енерго Систем“ и „Суфаг спорт – унд фреицеитанлаген“, кои се должни во временски период од 12 месеци целосно да ја изградат потребната инфраструктура и да ја инсталираат опремата.

 

На локацијата на постоечката ски – патека на надморска височина од 1.640 метри е планирано да никне идниот сноу – борд парк на Пониква. Покрај МЕПСО, во остварувањето на замислата ќе учествуваат и локалните самоуправи на Пробиштип и Кочани, кои веќе работат на пробивање на локалниот пат од Пониква до манастирот „Св. Василиј Велики“ и на оформување на вештачко мини езеро со капацитет од 10.000 метри кубни вода, кое треба да ги задоволи потребите на машините за вештачки снег. Потребните средства за реализација на двете патеки за екстремни зимски спортови на Пониква и во Крушево се обезбедени од сопствени финансиски средства на државната компанија. Покрај вложувањето во скијачките центри низ Македонија, МЕПСО пред два дена го објави меѓународниот повик за избор на компании за изградба на два далноводи во должина 122 километри, кои во најголем дел е планирано да се финансираат преку кредитно задолжување кај Светската банка.