Претходна статија
Американската компанија „ДУРА“ гради нова фабрика во ТИРЗ Скопје 2
Следна статија
Британска компанија сака да инвестира во депонијата Русино

МЕПСО набавува нов систем за мониторинг на преносот на електрична енергија

Објавено на 17.07.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) денеска објави тендер за избор на компанија што ќе го достави и инсталира системот за мониторинг во реално време на состојбата со електропреносната мрежа во земјава. Овој систем (Wide Area Measurement System) ќе биде имплементиран во системот за пренос на електрична енергија и е дел од пообемниот проект за обнова на неколку далноводи низ Македонија со подигнатот кредит од ЕБОР. Тендерската постапка ќе биде отворена до 5 септември, по што ќе се избере најповолниот понудувач.

 

Набавката и инсталирањето на овој систем ќе започне да се реализира на 31 октомври годинава, при што најповолниот понудувач ќе добие рок од 18 месеци за негово воведување во функција. Подигнатиот кредит за ремонт на македонската електропреносна мрежа е во висина од 40,5 милиони евра.