Претходна статија
Охрид домаќин на „Вечер на архитектурата“
Следна статија
Заврши реставрацијата на Мустафа-пашината џамија

МЕПСО ќе вложи 82,5 милиони евра до 2020 година

Објавено на 29.07.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Македонскиот електропреносен систем оператор (МЕПСО) денес ја објави Студијата за развој на преносната мрежа од 2010 до 2020 година, во која се утврдени инвестиции во 18 проекти во електроенергетската мрежа со вкупна вредност од 82,5 милиони евра. Најзначајни инвестициони проекти се изградбата на три 400 киловолтни далноводи кон Србија, Косово и Албанија, нова трафостаница во Охрид и ревитализација на постоечката мрежа во полошкиот регион, во источна и во централна Македонија.

 

Студијата на МЕПСО е дел од 10 – годишниот план за развој на преносната мрежа на Европа прифатен од Европската асоцијација на преносни систем оператори ЕНТСО – Е, објавува официјалната интернет – страница на МЕПСО. Истата претставува стратешки документ, а воедно е и инвестициско – оперативен план со конкретни рокови и суми изработен за да се задоволат сите потреби за пренос на потрошувачите и на производителите на електрична енергија до 2020 година.

 

 

Бојан Блажевски