Претходна статија
Гари ќе прерасне во туристичка атракција
Следна статија
Архитектонскиот труд е девалвиран во Македонија

МЕПСО инвестира во нов автотрансформатор во скопскиот регион

Објавено на 17.05.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Нова инвестиција од 2,7 милиони евра за посигурно и непречено снабдување со електрична енергија во скопскиот регион. Македонскиот електропреносен систем оператор (МЕПСО) започна со инсталација на 400/110 киловолтен енергетски автотрансформатор во ТС Скопје 5, лоцирана во населбата Бутел. Автотрансформаторот е со автоматска регулација на напонот, изработен специјално за потребите на македонската електропреносна мрежа. Со оваа инвестиција за прв пат ќе се стават во паралелен погон два енергетски трансформатори кои се со автоматска регулација на напонот. На тој начин, во иднина ќе се сведат на минимум сите потенцијални ризици од прекини во снабдувањето во скопскиот регион.

 

Новиот автотрансформатор со номинална моќност од 300 мегаволтампери е произведен од КПТ, како дел од групацијата „Сименс“. Трансформаторот што до сега функционираше во ТС Скопје 5 ќе биде префрлен, инсталиран и ставен под напон во ТС Скопје 4.