Претходна статија
За да се прошири булеварот „Даме Груев“ ќе се урива дел од објектот „Макоил“ на улица Македонија?
Следна статија
Почнува обуката на градежниците за енергетска ефикасност

Меѓународен конкурс за плоштадот во Пловдив

Објавено на 26.04.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

„One Architecture Week“ и Општина Пловдив (Бугарија) ги канат архитектите и сите заинтересирани да учествуваат во обмислувањето на иднината на централниот плоштад во Пловдив. Во дописот кој го добивме од организаторите на конкурсот за концепт дизајн се вели дека плоштадот е локација каде што се преклопуваат повеќето од значајните историски периоди на градот, а решение за нивна спокојна коегзистенција досега не е пронајдено.

 

Учесниците треба да предложат идеи за:

 

– Зачувување, експозиција и социјализација на археолошкото културно наследство
– Реорганизација на јавниот простор
– Урбана опрема, зелени површини и поплочување

 

Конкурсот е меѓународен и анонимен. Можат да учествуваат архитекти или тимови со најмалку еден член кој е архитект и има правен капацитет да практикува архитектонски дизајн. Рокот за доставување на трудовите е 20 јуни, а победникот ќе биде прогласен на 15 јули. Првата награда е во висина од 10 илјади евра, додека второпласираниот и третопласираниот труд ќе добијат по 5 илјади евра.

 

Повеќе информации можете да најдете на веб сајтот: plovdivsquare.com