Претходна статија
ФОТО ВЕСТ: Актерите ќе почекаат на новиот факултет покрај Вардар
Следна статија
На црковно земјиште кај манастирот „Св. Наум“ ќе се градат хотели

Мал интерес за понудените градежни парцели во Битола

Објавено на 19.11.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Од огласените 36 градежни парцели на неколку локации во Битола и околината, локалната самоуправа на денешното електронско јавно наддавање успеа да продаде само пет. Најмал интерес имаше за земјиштето во рамки на поранешната касарна „Стив Наумов“, каде што не беше купена ниту една од понудените парцели предвидени за станбени згради, хотели, катни гаражи и куќи. Наместо вложување во самиот град, инвеститорите го пренасочија својот интерес кон локациите наменети за индустриски објекти – купувачи добија три парцели од 7.254, 12.959 и 12.636 метри квадратни во индустриската зона „Жабени“, по цена од 71 денари за метар квадратен. Истовремено, две компании за истата цена купија парцели од 1.460 и од 20.553 метри квадратни во градската индустриска зона на излезот од Битола кон Новаци.

 

 

 

Вкупната површина на продаденото земјиште изнесува 54.862 метри квадратни, а Општина Битола од купувачите по оваа основа ќе инкасира 3.895.202 денари (околу 63 илјади евра). Имињата на компаниите што ќе ги остварат своите бизнис идеи во Битола ќе бидат соопштени по уплатата на парите, односно по потпишувањето на купопродажните договори. Откако ќе се стекнат со правото на сопственост врз неизграденото земјиште, инвеститорите ќе имаат рок од девет месеци за да обезбедат градежна дозвола за реализирање на објектите, односно 12 месеци за оние парцели што се поголеми од 5.000 метри квадратни.