Претходна статија
Отворена нова бензинска станица на „Лукоил“ во Трубарево
Следна статија
Владата го заштити Националниот парк „Галичица“ од изградба на нови објекти

„Макстил“ ќе инвестира 2,5 милиони евра во модернизација на скопската железарница

Објавено на 07.03.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Компанијата „Макстил“ годинава планира да инвестира 2,5 милиони евра во реконструкција и модернизација на погони во рамки на скопската железарница. Станува збор за модернизација на постојната опрема во погонот валавница за дебели лимови и реконструктивни активности, со кои ќе се подобри квалитетот на производот и ќе се зголеми контролата, квалитетот и сигурноста во работата. „Макстил“ во текот на 2017 година вложила 940.000 евра во осум инвестициски проекти.

 

 

Во изминативе две децении се инвестирани околу 70 милиони евра во модернизација на скопската железарница и уредување на просторот, како и во проекти за заштита на животната средина. „Макстил“ е производител на топловалани дебели лимови и во негова сопственост се наоѓаат два производствени погона – челичарница и валавница за дебели лимови. Скопската железарница е пуштена во употреба во 1967 година.