Претходна статија
Охрискиот Антички театар и Долни Сарај со покривни конструкции
Следна статија
Над 1,3 милиони евра за плоштадот „ВМРО“

Македонците склони кон изградба на станови во индивидуална режија

Објавено на 11.06.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Државниот завод за статистика денеска излезе со финални резултати во делот на изградбата на станбени објекти во текот на 2013 година. Според објавените податоци, лани се граделе вкупно 2.588 објекти во индивидуална режија, при што се завршени 4.189 станови со корисна површина од 399.765 метри квадратни. Од нив, 194 станови се во викенд куќи со вкупна површина од 14.194 метри квадратни. Просечната корисна површина на завршените станови е 95,4 метри квадратни. Најмногу станови биле комплетирани во Скопскиот, а потоа следуваат Полошкиот и Југозападниот регион. Од индивидуалните сопственици во текот на минатата година се извршени градежни работи во вредност од 12.051.498.000 денари.

 

За разлика од изградбата на станбени објекти во индивидуална режија, статистичките податоци покажуваат дека реализацијата на нови станови од деловните субјекти била насочена кон комплетирање на објекти со поголема вредност, но истовремено и помала квадратура на становите. Статистичарите пресметале дека во 2013 година се издвоени 25.698.606.000 денари за подигање на станови, од нив 8.871.372.000 денари се за објекти во индивидуална сопственост. Притоа, просечната корисна површина на становите била 67,3 метри квадратни. Во текот на минатата година биле градени 2.176 објекти од деловните субјекти, а завршени се 2.339 станови со корисна површина од 157.338 метри квадратни, од кои 2.170 се во индивидуална сопственост. По региони, најмногу се градело во Скопскиот, а потоа следуваат Пелагонискиот и Вардарскиот регион.