Претходна статија
Пругата Бељаковце - Крива Паланка ќе почне да се гради за две години
Следна статија
Агенцијата за државни патишта ги раскина договорите со „Алпине Бау“

Македонските аеродроми итаат кон милионитиот патник во 2013 година?

Објавено на 11.07.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Аеродром Александар ВеликиСтабилен и забрзан раст на бројот на превезени патници од скопскиот и охридскиот аеродром ја карактеризира првата половина од 2013 година. Ако и во наредните месеци продолжи ваквиот пораст во авиосообраќајот, реално е Македонија на крајот на годинава да очекува околу 1 милион превезени патници. Според податоците од извештајот на ТАВ, во првите шест месеци од 2013 година од двата аеродрома се транспортирани 472.536 патници или за 17% повеќе во споредба со истиот период лани. Статистичките податоци покажуваат дека годинава бројот на патници се зголемил за речиси 70 илјади, бидејќи ланските податоци за првите шест месеци говорат дека се превезени 400.188 патници.

 

Скопскиот „Александар Велики“ и охридскиот „Св. Апостол Павле“ само во текот на јуни опслужиле 107.178 патници, што претставува зголемување од 22% во однос на јуни 2012 година. Во шестиот месец од годинава се регистрирани и најмногу лица што го користеле авиосообраќајот. Македонските аеродроми имаа најмалку патници во февруари – 55.077, додека најмало зголемување на бројот на патници од 2% е забележано во јануари. Во воздухопловниот превоз е забележан најголем пораст од 27,6% во текот на мај, кога се превезени вкупно 96.323 патници.

 

 

» Форумска дискусија за сообраќајот на македонските аеродроми