Претходна статија
И во Кичево се отвори индустриска зона
Следна статија
Во Прилеп се реконструира градскиот плоштад и се гради парк

Македонските аеродроми имале 15% повеќе патници во изминатово лето

Објавено на 13.09.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Во месеците јуни, јули и август 2011 година преку македонските аеродроми во Скопје и во Охрид се превезени 293.613 патници, додека во истиот период минатата година биле превезени вкупно 255.939 патници, соопшти денес Министерството за транспорт и врски. Најголем пораст во бројот на патници е забележан во текот на месец јули, кога од двата аеродроми се превезени 113.010 патници, што претставува пораст од 17,4% во однос на истиот месец лани.

 

 

На аеродромот „Александар Велики“ во Скопје во летниот период оваа година се регистрирани 254.351 патник, податок кој укажува дека е зголемен бројот на патници за 7,83% во однос на летниот период во 2010 година. Преку охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ во јуни, јули и август 2011 година се превезени 39.262 патници, што претставува зголемување од дури 93,73% во споредба со истиот период од минатата година.

 

Претходно, Државниот завод за статистика објави дека бројот на превезени патници во периодот април – јуни 2011 година изнесува 197.046 патници и е поголем за 14,8% во однос на второто тримесечје од 2010 година. Според досегашните статистички податоци, реално е да се очекува бројот на превезени патници во текот на 2011 година да се искачи до 800.000 патници.

 

Бојан Блажевски