Претходна статија
ЕЛЕМ се подготвува за почетокот на изградбата на браната „Луково поле“
Следна статија
Постапката за купување нови патнички гарнитури и товарни вагони ќе почне кон крајот на 2012 година

Македонскиот транспорт бележи позитивни резултати во вториот квартал од 2012 година

Објавено на 31.08.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Севкупен пораст на товарниот превоз и стабилно зголемување на патниците во авиособраќајот, градско – приградскиот и патниот транспорт е забележан во периодот април – јуни 2012 година. Според соопштението на Државниот завод за статистика, со авион во вториот квартал од 2012 година патувале 227.578 патници што е за 15,4% повеќе во однос на истиот период лани, додека во првите шест месеци од 2012 година од македонските аеродроми се транспортирани вкупно 397.806 патници. Во воздухопловниот сообраќај е констатиран зголемен превоз на стоки за 5,9% во извештајниот период на статистичарите. Суштински пораст од 15,4% бележи градско – приградскиот превоз, при што бројките покажуваат дека се транспортирани 18,95 милиони патници или за 2,5 милиони повеќе во споредба со вториот квартал од 2011 година. Континуираниот развој на овие два типа сообраќај во последниов период доаѓаат по вложувањата во реконструкција на двата аеродрома и купувањето на нови автобуси за ЈСП – Скопје.

 

 

 

 

По долготрајните негативни резултати, во железничкиот превоз конечно се регистрирани позитивни придвижувања. Транспортот на стоки е зголемен 17,6% во периодот април – јуни 2012 година во однос на идентичниот период лани, но истиот е и за 21,9% поголем во споредба со претходниот квартал. Сепак, неодамнешното зголемување на цената на билетите и до 50% влијае на силно намалување на бројот на граѓани кои ја користат железницата. Забележано е намалување на патниците за дури 33,4%, поточно со воз се превезени 251 илјади патници. Наспроти железничкиот, патниот патнички сообраќај бележи зголемување на бројот на патници за 1,8%, при што со него се транспортирани 4,06 милиони лица. Исходот е позитивен и кај пренесените стоки, каде порастот во вториот квартал од 2012 година изнесува 14,1% во однос на истиот период лани.