Претходна статија
Турци или италијанци ќе го гасифицираат Скопје
Следна статија
Ќе остане ли барем еден функционален јавен велосипед во Скопје?

Македонија заинтересирана да воведе национален авиопревозник

Објавено на 15.07.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Македонската влада повторно го отвора прашањето за основање на национален авиопревозник, овој пат преку воспоставување на стратешко партнерство со некоја од поголемите странски авиокомпании. Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески обелодени дека владата донела одлука за отпочнување на процедура за овој значаен проект. За реализација на целокупната постапка ќе биде ангажирана консултантска куќа, која најпрво ќе направи истражување на пазарот и ќе го испита интересот на светските авиокомпании за да отворат своја база во нашата земја. „Потребно е заедно со Владата да ги ставиме на хартија сите оние услови кои може Владата да ги понуди, како на пример субвенционирање. Кога оваа анализа ќе биде целосно направена, предвидено е да се направат неколку роад шоуа, каде тој пакет ќе може да им се понуди на светски познатите авиокомпании“, изјави министерот Јанакиески. Последниот национален авиопревозник МАТ отиде во стечај во 2009 година, оставајќи зад себе огромни долгови.

 

Во изминативе неколку години во јавноста се лиферуваа неколку идеи за избор на странска компанија што би воспоставила стратешко партнерство со македонската влада. Најпрво, беше изнесена идејата за Туркиш ерлајнс да стане нов авиопревозник на Македонија. Слично решение во 2009 година нудеше и црногорската авиокомпанија Монтенегро ерлајнс, која понуди формирање на заедничка компанија, со што би се ставиле на располагање два до три од нивните авиони за формирање на македонскиот авиопревозник.