Претходна статија
За 4 месеци ќе биде изработен проектот за заштита од бучава на македонските автопати
Следна статија
Голем комплекс за здравствен и рекреативен туризам ќе се гради во Берово

Македонија и Србија на чекор пред изградбата на заеднички железнички граничен премин во Табановце

Објавено на 27.01.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Заедничкиот железнички граничен премин меѓу Македонија и Србија е поблиску до реализација. Министерството за транспорт и врски ја потпиша одлуката за неспроведување на стратегиска оценка за влијанието врз животната средина за идниот граничен објект, со што се отвори можноста за забрзана изведба на овој проект. Постојната железничка станица во Табановце е предвидено да се реконструира и да се изградат придружните објекти, со што ќе се овозможи на едно место да се одвива заедничкото царинење и граничната контрола на македонските и српските државни власти.

 

*Товарен транзитен воз на железничката станица во Куманово

 

Обновата и прилагодувањето на железничката станица и непосредната околина во Табановце за овој проект ќе доведе до намалување на времето за патување со воз за најмалку 30 минути. Воедно, заедничкото царинење ќе значи и побрз проток на товарот што се пренесува со железничкиот сообраќај. Во натамошниот период и двете железнички компании на Македонија и Србија ќе треба да се договорат околу задолжителната промена на локомотиви на граничниот премин, која во моментов дополнително го одолговлекува превозот на патници и стока со воз.

 

Македонија и Србија во јуни 2016 година ги потпишаа неопходните протоколи за воспоставување на заеднички граничен железнички премин во Табановце. Со овие протоколи се регулираше соработката во делот на граничната полиција, царинските, фитосанитарните и ветеринарските служби меѓу двете земји. Целта на овој проект е да се овозможи побрзо инфраструктурно поврзување на регионот. Од неговата реализација се очекува намалување на времето за патување со воз меѓу двете земји, но и оспособување на железничкиот Коридор 10 за побрз товарен сообраќај.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk