Започнува изградбата на пречистителната станица за отпадни води во Кочани
Општина Кочани ја започна реализацијата на проектот за изградба на пречистителна станица за отпадни води кај селото Мојанци. Капиталниот проект, чија вредност изнесува 23 милиони швајцарски франци, ќе треба да ги опфати отпадните води од Кочани и од околните села, со вкупен број на население од 58.000 жители. Локалните власти во изминативе месеци ги