Претходна статија
Нов мини парк на булеварот „Св. Климент Охридски“
Следна статија
Во февруари опаднал бројот на планирани станови

СПА-центар ќе се гради во Кочани

Објавено на 10.04.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Општина Кочани планира да гради СПА-центар по пат јавно-приватно партнерство. Локалните власти веќе изработиле физибилити студија, со која се докажува оправданоста од реализацијата на еден ваков проект. СПА-центарот ќе биде лоциран кај градскиот базен во Кочани, а ќе го гради приватен инвеститор што ќе се избере преку јавен повик. На општинскиот совет веќе била усвоена одлуката за распишување на повик за пронаоѓање на приватен партнер, со што се создадени услови за отпочнување на постапката.

 

СПА-центарот е предвидено да чини 1.330.000 евра, без вклучен ДДВ. Изградбата на самиот објект ќе чини околу 845.000 евра, додека инвестицијата во летната дискотека „Аква“ би чинела 488.000 евра. Концесискиот договор е предвидено да трае 30 години, во кои приватниот партнер ќе треба да го одржува во функција самиот објект. Инвеститорот ќе треба да им исплаќа на општинските власти минимум 10.000 евра годишно, како и да склучи договор со јавното претпријатие „Водовод“ за искористување на геотермалните води од системот „Геотерма“.