Претходна статија
Топ три совети за реновирање на вашиот дом
Следна статија
Уште пет станбени згради во Карпош ќе добијат нови термички фасади

„Лимак“ со подготвителни работи за изградба на надземниот комплекс и Јужниот булевар

Објавено на 07.03.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Турската компанија „Лимак“ деновиве ги започна подготвителни работи за изградба на надземниот мултифункционален комплекс и подземната траса на Јужниот булевар. На терен се оградува просторот кај Старата железничка станица, а почнаа и активностите за дислоцирање на дел од подземната инфраструктура. Паралелно со ова, Градот Скопје е при крај со изборот на компанија што ќе го изработи основниот проект за изградба на подземната сообраќајница. Подготвителните работи се очекува да се одвиваат подолг период, ако се земе во предвид дека се работи за огромна површина што опфаќа две парцели од над 40.000 метри квадратни. „Лимак“ во јуни 2012 година го расчисти целокупниот простор зад Старата железничка станица, создавајќи услови за да започнат градежните активности.

 

 

„Лимак“ на оваа атрактивна локација ќе изгради повеќенаменски комплекс со површина од околу 300.000 метри квадратни. Паралелно со издигнувањето на четири блока со 2.000 станови, деловни објекти, трговски центар, културен центар и паркинг, инвеститорот треба да ја изгради и подземната сообраќајница во должина од 800 метри. Трасата на Јужен булевар ќе минува на 6 до 6,5 метри под земја и ќе се состои од шест коловозни ленти. Целокупниот проект ќе чини околу 250 милиони евра.