Одбележана стогодишнината од раѓањето на архитект Борис Чипан
Во Куќата на Уранија во Охрид, денеска беше одбележан јубилејот „100 години од раѓањето на Борис Чипан“. Беседи за овој значаен македонски архитект одржаа универзитетските професори Михаилчо Токарев, Михајло Волканов и Мартин Гулески. Охридскиот градоначалник Јован Стојаноски даде особен осврт за делата што архитект Борис Чипан му ги има оставено на Охрид. Тој посочи