Претходна статија
Државата инвестира во обиколница и водовод во Ресен
Следна статија
Кој сака да гради тешка и загадувачка индустрија во Пробиштип?

Одбележана стогодишнината од раѓањето на архитект Борис Чипан

Објавено на 05.07.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Во Куќата на Уранија во Охрид, денеска беше одбележан јубилејот „100 години од раѓањето на Борис Чипан“. Беседи за овој значаен македонски архитект одржаа универзитетските професори Михаилчо Токарев, Михајло Волканов и Мартин Гулески. Охридскиот градоначалник Јован Стојаноски даде особен осврт за делата што архитект Борис Чипан му ги има оставено на Охрид. Тој посочи дека Охрид бил роден град на архитектот Чипан, којшто му бил вечна љубов и инспирација во развојот на неговата творечка кариера.

 

*Извор на фотографија: Општина Охрид

 

„Тој инспиративен набој се среќава во бројните студии, објави и публикации посветени на историјата и културното богатство на нашиот древен град, а посебно во неговиот огромен напор за конзервација на катедралниот храм „Св. Софија“, другите вековни светилишта, но и вредните објекти на охридската архитектура“ изјави градоначалникот Јованоски. Свое обраќање на денешното одбележување на јубилејот од раѓањето на Борис Чипан имаа и деканот на Архитектонскиот факултет при УКИМ Огнен Марина и академик Газанфер Бајрам од Македонската академија на науките и уметностите.

 

Во рамките на прославата, во Куќата на Уранија вечерва беше отворена изложбата на фотографии, скици и проекти на Борис Чипан, коишто се дел од поставката на Музејот на град Скопје. Прославата на јубилејот „100 години од раѓањето на Борис Чипан“ е во организација на Архитектонскиот факултет при УКИМ, Општина Охрид, Музејот на град Скопје и Македонската академија на науките и уметностите.