Нискобуџетната авио компанија „Визер“ во текот на овој и на наредниот месец ќе воведе шест нови авио линии од скопскиот и од охридскиот аеродром кон неколку европски градови. Два пати неделно од аеродромот „Александар Велики“ ќе се патува до Барселона, Осло, Нирнберг, Хамбург и Фридихшафен, додека од охридскиот „Св. Апостол Павле“ два пати неделно ќе се лета кон Лондон и Базел. Новите дестинации се составен дел од Договорот за финансиска поддршка за воведување нови авионски линии за периодот од 2015 до 2018 година.
Од Министерството за транспорт и врски очекуваат дека со новите конекции кон Европа ќе се зголемат можностите за патување на македонските граѓани, но истовремено ќе се привлечат и странски туристи во земјава. Се очекува новите летови драстично да го зголемат авиосообраќајот од охридскиот аеродром, кој во моментов функционира воглавно преку чартер летови во текот на летниот период од годината.