Претходна статија
Затворен базен и пензионерски дом ќе се градат во Аеродром
Следна статија
Близу хидроелектраната „Козјак“ ќе никне викенд населба

„Купи куќа, купи стан“ продолжува и во 2014

Објавено на 21.12.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

За субвенционирани станбени кредити од владиниот проект „Купи куќа, купи стан“, кои може да се користат за изградба или доградба на куќа или за купување нов стан, ќе може да се аплицира и во текот на наредната година. За продолжувањето на рокот денеска информираше министерот за финансии Зоран Ставрески. Досега се одобрени 228 апликации од граѓани, од кои 197 за стан и 31 за куќа. „Имаме корисници на субвенции од сите градови во Македонија. Од Скопје има 151 корисник. Во општина Кисела Вода 59, во Аеродром 45, во Ѓорче Петров 27, во Гази Баба 7, во Карпош 5, во Чаир 3, во Бутел 3 и во Центар има 2 апликации. Во Битола има 16 корисници на кредитот, во Струмица 12, во Куманово 10, во Гевгелија 6, во Кичево 5, во Радовиш и во Прилеп по 4“ рече Ставрески.

 

Од 1 март минатата година, кога стартуваше аплицирањето, преку овој проект досега се одобрени 1.444.933 евра државна помош, за двата модели. Вкупната сума на кредитите што ги добиле граѓаните на ваков начин изнесува 7,4 милиони евра. Со „Купи куќа, купи стан“ се финансирале 12% од бројот на одобрени станбени кредити во државата.