Претходна статија
Нова пречка за Светиклиментовиот универзитет на Плаошник
Следна статија
Во 2011 година се граделе помалку и помали станови

Кружен тек и во Бутел

Објавено на 21.06.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Денеска започна изградбата на кружен тек на вкрстувањето на улиците Александар Урдаревски и Боца Иванова во скопската населба Бутел. Кружниот тек ќе се формира на ниво на постојниот коловоз и во него ќе има две сообраќајни ленти, а средишниот дел ќе се исполни со хумус и ќе се засади трева. Улиците Александар Урдаревски и Цетинска ќе бидат физички одвоени со тротоар и ќе бидат поставени метални столбови коишто ќе спречуваат преминување на возила.

 

 

Извор: Град СкопјеИзвор: Град Скопје

 

 

После зафатот Улицата Александар Урдаревски во близина на новото сообраќајно решение ќе има две коловозни ленти со ширина од по 3,5 метри, а од страните на коловозот ќе се изградат тротоари со променлива ширина, како и велосипедска патека со ширина од 2,5 метри. Предвидени се и две автобуски стојалишта, по едно од двете страни. Улицата Боца Иванова ќе има две коловозни ленти од по 3,5 метри и тротоари од двете страни широки по 3 метри. На кружниот тек и на деловите од улиците што се спојуваат со него ќе се нанесе нов асфалтен слој од Сплит Мастикс 16, што се очекува да го одложи формирањето на колотраги. Градежните активности ќе се искористат и за реконструкција и заштита на постоечката водоводна мрежа, како и изградба на нова со должина од 127 метри и профил Ф 200. Проектот предвидува и изградба на атмосферска канализација во должина од 300 метри, со променлив профил од Ф 200 до Ф 500.

 

Изведувач на градежните работи е фирмата „Бауер БГ“. Во овој проект Градот Скопје ќе вложи околу 23,3 милиони денари, а рокот на изведба е 100 дена.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект