Претходна статија
Владата ветува удвојување на средствата за изградба и реконструкција на училишта
Следна статија
Објавен тендерот за изградба на автопатот Демир Капија – Смоквица

Крива Паланка доби Градски музеј

Објавено на 29.08.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска и градоначалникот на Крива Паланка Арсенчо Алексовски денес го пуштија во употреба Градскиот музеј во Крива Паланка. Овој град беше единствениот од источна Македонија кој немаше музејска установа, иако истиот има богат историски материјал и артефакти како културна понуда. Музејската установа е сместена во поранешниот објект на Домот на АРМ, а во рамките на установата се поставени „Постојана историска поставка“ – сегмент од историјата на Крива Паланка од нејзиното основање, „Постојана староградска етно поставка“ и „Заеднички градски живот“.

 

Финансиските средства за овој проект ги обезбеди Амбасадата на Кралството Норвешка, Меморијалниот американски фонд „Мери Елен Хеилбрун“, Министерството за култура на Р.М. и општина Крива Паланка. Преадаптацијата и реконструкцијата на Градскиот музеј ја изврши градежната компанија „Белешков инженеринг“ од Крива Паланка. Општинските власти на Крива Паланка со години се обидуваа да најдат соодветна локација и финансиски средства за да се сместат на соодветна локација над 1.500 артефакти од овој град и неговата околина.

 

 

Бојан Блажевски