Претходна статија
Заев: Корупција од 25 милиони евра за изградба на автопатиштата
Следна статија
Граѓаните можат да се приклучат на кампањата „Му требаш на ГТЦ“

Конзервација и реставрацијата на Златковата кула во Кратово

Објавено на 26.03.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Во завршна фаза е изработката на проектот за конзервација и реставрација на Златковата куќа во Кратово, значаен споменик на културата од XIV век. Според информациите на Министерството за култура, стручните екипи на Националниот конзерваторски центар годинава ќе работат на реставрација на ентериерот на објектот и негова адаптација во простор за афирмација на културата и културниот туризам во Кратово. Според проектот, планирано е отворање на сувенирница со предмети карактеристични за кратовскиот крај, културно – информативен центар, како и спомен – куќа на македонскиот православен светител св. Ѓорѓи Кратовски. Во претходната фаза, беше извршена конзервација на архитектурата на Златковата кула.

 


* Извор на фотографија: Министерство за култура

 

Овој проект се одвива со поддршка на Министерството за култура и со грант во висина од 100.000 долари на Амбасадата на САД во Република Македонија. Златковата кула е една од шесте камени кули во градот, кои претставуваат културен симбол на Кратово. Министерството во изминатиов период ја изврши реконструкцијата на Саат – кулата, а исто така ја ревитализираше и Симиќевата кула.