Претходна статија
Нови фотоволтаици и мали хидроелектрани ставени во функција
Следна статија
Се крчка реконструкција на паркот Жена борец

Конзерватотско – реставраторски работи во битолската Јени џамија

Објавено на 10.03.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците и музеј – Битола годинава ќе ја реализираат третата фаза од проектот за адаптација на ентериерот на Јени џамија во галериски простор, со што повторно ќе заживее еден од највредните културно – историски споменици кој со векови го краси центарот на Битола. Според соопштението на Министерството за култура, третата етапа од реализацијата подразбира препокривање на објектот, покривање и презентација на археолошките остатоци околу него.

 


* Извор на фотографии: Министерство за култура
Во 2016 година е планирана конзервација и реставрација на фасадата и дрвенаријата на објектот, а за 2017 година се очекува целосна реализација на проектот со конзервација и реставрација на фасадата и на дрвенаријата на тремот. Заводот и музеј – Битола, во согласност со предвидената динамика, во изминатиот период изведе подготвителни работи околу спроведувањето на проектот. Се пристапи кон адаптација на просторот со поставување плочки и со партерно уредување, оформување на влезна партија во ентериерот и поставување сувенирница и портирница во внатрешноста.

 

 

Археолошките истражувања на оваа локација потврдуваат дека Јени џамија (1558/59 година) е изградена над остатоците на сакрален објект, кој датира во периодот од XI до XIV век. Во литературата се зачувало преданието дека на ова место во Битола постоела црква посветена на св. Ѓорѓи.