Претходна статија
Ќе се бара ново решение за споменикот на Мајка Тереза
Следна статија
До крајот на февруари нов Предлог - Закон за градење

Конкурс за избор на идејни решенија за поставување улични библиотеки во Скопје

Објавено на 31.01.2019 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Македонскиот главен град наскоро на неколку фреквентни локации во центарот ќе добие улични библиотеки. Детскиот културен центар – Карпош денеска го распиша Конкурсот за избор на три идејно – обликовни и архитектонско – урбанистички предлог решенија за улични библиотеки и за нивна реализација во Скопје. Оваа установа под ингеренции на Градот Скопје е предвидено да додели главна награда во бруто износ од 120.000 денари за авторот што ќе достави најсоодветен конкурсен труд најдоцна до 7 март.

 

 

Пристигнатите трудови ќе ги оценува тричлена комисија во состав: Ивана Јакимовска, Мирка Илоска и Јулијана Јакофоска – Горгиевска. Како најзначајни критериуми што ќе влијаат при изборот на победничкото идејно решение се наведени отпорноста на предложените материјали на надворешни влијанија, еколошкиот пристап при оформувањето на решенијата, изводливоста и ниската цена на чинење на изведбата, иновативност, впечатливост и оригиналност на архитектонскиот израз. Повеќе детали за распишаниот Конкурс може да се пронајдат на Електронскиот систем за јавни набавки.

 

По завршувањето на конкурсот и изборот на најсоодветното идејно решение, Детскиот културен центар – Карпош ќе спроведе постапка за изработка и поставување на избраните проекти на фреквентни локации во центарот на Скопје. „Покрај тоа што истите би претставувале урбани репери, нивната функција ќе произлезе од намерата за популаризација на книгата и нејзините неприкосновени вредности“, се наведува во распишаниот Конкурс.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk