Претходна статија
Наместо да се пушти во употреба, објавен е четврти тендер за изградба на аква паркот во СЦ „Борис Трајковски“
Следна статија
ТЕМА: Македонските аеродроми со највисок пораст на бројот на патници на Балканот

Конечно ќе биде реконструирана Универзалната сала

Објавено на 20.08.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#За реализација на долго најавуваниот проект за реконструкција и доградба на Универзалната сала во Скопје [»мапа], Владата реши да вложи 400 милиони денари (6,5 милиони евра), средства кои ќе бидат обезбедени низ повеќе буџетски години. Веќе се изработени идеен, основен и изведбен проект, а проектната документациаја е обезбедена со учество и на Градежниот факултет. Во текот на наредните денови, по добивање на одобрението од Општина Центар, ќе биде распишана постапка за избор на изведувач.

 

Се очекува дека зафатот ќе финишира во период не подолг од 18 месеци од почетокот на градежните работи, кои веројатно би започнале кон крајот на оваа или почетокот на следната година. Најавите за реконструкција на Универзалната сала датираат уште од пред пет години, кога Советот на Град Скопје покрена иницијатива таа да се именува „Тоше Проески“, но претходно да биде реновирана за да може достојно да го носи неговото име.

 

извор: Влада на РМПроектот опфаќа повеќе сегменти. Планирана е реконструкција и засилување на постојната челична и бетонска конструкција на објектот, ќе се обноват сите инсталации и ќе се изведе нов систем за климатизација и греење. Ентериерот ќе биде целосно реновиран и ќе се обезбеди современа сценска, аудио и видео техника. Иако во почетокот имаше најави за зголемување на гледалиштето, главната сала после реконструкцијата ќе остане со истиот капацитет за 1.500 гледачи, но предвидена е изградба на нова помала сала со капацитет за 100 гледачи. Ќе се менува и фасадата на објектот, но тој генерално ќе го задржи оригиналниот надворешен изглед. Во рамките на проектот е планирана и изведба на подземен паркинг на две нивоа, под сегашното плато околку салата.

 

Вкупно ќе бидат реконструирани и реновирани 2.700 метри квадратни основен, и 1.150 метри квадратни помошен простор, а ќе бидат доградени вкупно 6.100 метри квадратни, од кои 4.500 метри квадратни ќе отпаднат на паркингот.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект овде