Може ли скопската населба Топаана да постане достојно место за живеење?
На само 1,5 километар од плоштадот „Македонија“, скопската населба Топаана живее во паралелен свет. Со 1% јавен простор, без ниту еден квадрат зеленило и со неплански изградена канализациона мрежа, може да се каже дека граѓаните од оваа населба околу Пластичарската улица го живеат секојдневието на историјата од пред неколку века. Заборавени од општеството, жителите