Претходна статија
Зеленилото капитулираше пред градежната експанзија во центарот на Скопје
Следна статија
Воздухопловниот превоз со силен раст и на почетокот од 2014 година

„Кинескиот ѕид“ прерасна во резиденцијален комплекс

Објавено на 29.05.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#По десетина години градење, неколку рушења, измени на намената на објектот и промени на сопственичката структура, контроверзниот „Кинески ѕид“ залепен до националната арена „Филип Втори“ од вчера вечер и официјално е отворен под ребрендираното име – резиденцијален комплекс „Парк резиденс“. Објектот со луксузни апартмани за живеење и хотел на пет ката е легализиран од општина Центар, врз основа на Законот за постапување со бесправни објекти. Довршувањето на ова здание лоцирано во Градскиот парк во Скопје се работеше во изминатиов период од страна на компанијата „Имморекс Македонија“, која се одлучи да инвестира во оваа зграда по неколкугодишната статус – кво состојба на градилиштето.

 

Новиот инвеститор направи измени во надворешниот изглед на објектот, инвестираше во неговото внатрешно уредување, а обезбеди и паркинг за станарите и хотелските гости. Според информациите од „Имморекс“, во  „Парк резиденс“ се вложени преку 25 милиони евра. Зданието со вкупна бруто површина од 32.264 метри квадратни се состои од 126 апартмани, хотел на пет ката, деловни простории и паркинг – простор . Во рамките на комплексот има спа и фитнес – центар за станарите и идните посетители на хотелот.

 

„Кинескиот ѕид“ остана долго време во фокусот на интерес на македонските граѓани, но и на македонската политичка сцена. По неговата првична изградба, тој беше делумно уриван во два наврати од градежната инспекција во 2006 и во 2008 година бидејќи тогашниот инвеститор имаше отстапувања од првичниот проект за 80 сантиметри од поткровјето на објектот.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект