Претходна статија
Промоција на книгата „Патот на еден архитект“ од професорот Георги Константиновски
Следна статија
Отворена за сообраќај реконструираната улица Кемал Сејфула во Бутел

Ќе се задолжуваме за гасификација и за патот Штип – Радовиш

Објавено на 06.11.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Со странски заеми ќе се финансира развојот на примарната гасоводна мрежа во земјава и реконструкцијата на магистралниот пат Штип – Радовиш. Пратениците во републичкото Собрание го поддржаа новото задолжување на нашата земја. За кредитот во износ од 90 милиони евра од Дојче банк и Ерсте група, наменет за гасификација, гласаше владејачкото мнозинство од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, потег на кој жестоко се спротивставија од опозициската партија СДСМ поради опасност од поинакво искористување на позајмените финансиски средства. Парите е предвидено да се искористат за изградба на гасоводот од Штип до Неготино, како и за изведба на две дополнителни траси од Неготино преку Прилеп до Битола и за доведување на гасот до Тетово и Гостивар.

 

 

 

Со консензус на поголемите политички партии, парламентот со 61 гласови „За“ го усвои кредитното задолжување за рехабилитација на магистралниот пат од Штип до Радовиш. Од Европската банка за обнова и развој за оваа намена ќе бидат подигнати 64 милиони евра. Инфраструктурниот проект ќе чини 78 милиони евра и вклучува изградба на целосно нова траса од Штип – југ до селото Бучим. На преостанатиот дел од трасата ќе се реконструира постоечкиот коловоз со две коловозни ленти со ширина од 3,5 метри и две помошни сообраќајни ленти со ширина од 2,2 метри.